Мекгрегор, прогласен за виновен за силување, мора да плати 250 илјади евра
Ирскиот суд му наложи на борецот на ММА Конор Мекгрегор да плати отштета од речиси 250.000 евра за силување и претепување жена во Даблин во 2018 година.
Жртвата Никита Хенд изјави пред судот дека Мек Грегор, заедно со друг маж, ја силувал во декември 2018 година.
Мек Грегор (36) ги негираше обвинувањата и рече дека сексуалната врска со Хенд била консензуална, и негираше дека и нанел модринки.

Нејзиниот адвокат ѝ нагласил на поротата дека лекарот инсистирал нејзините повреди да бидат фотографирани кога била упатена во медицинската единица за жртви на силување ден по нападот.
Хенд рече дека таа и еден пријател оствариле контакт со Мекгрегор, кого го познавала, по божиќна забава.
Таа спомна дека Мекгрегор ги возел на забава во пентхаус во хотел во јужен Даблин каде присутните консумирале дрога и алкохол, а Мек Грегор ја однел во спалната соба во пентхаусот и ја силувал.

Нејзиниот адвокат Џон Гордон изјави дека Хенд во тоа време земала антидепресиви, а ноќта на нападот земала наркотици.