ПопуларноСелебрити

Миа стана ѕвезда во филмови за возрасни, но една сцена речиси ја чинеше живот: Доживеа морничави закани со смрт – „Неколку часа по објавувањето настана хаос“

Миа Калифа тврди дека добивала закани од ИСИС, вклучувајќи и локација на нејзиниот стан, поради видео за возрасни во кое носи хиџаб.

Поранешната ѕвезда на филмови за возрасни, Миа Калифа, отворено проговори за застрашувачките последици од својата кратка, но контроверзна кариера во порноиндустријата – вклучувајќи и закани со смрт кои, според неа, доаѓале директно од ИСИС.

Иако во индустријата се задржала само три месеци, сцената во која носи хиџаб за време на експлицитен сексуален чин ја направи најбараната личност на сајтот „Pornhub“. И најомразена во голем дел од Блискиот Исток. Снимила вкупно 22 филма за неколку месеци.

Родена во Либан, а израсната во САД, Калифа изјави дека тој видео-клип практично го „забранил“ нејзиното присуство во арапскиот свет. Иако никогаш официјално не ѝ било забрането да патува таму, безбедносни служби наводно ѝ советувале да не ги посетува тие региони.

Но она што следувало било многу посериозно од забраните.

Во разговор со новинарката Меган Абот, Калифа изјави дека ситуацијата излегла од контрола веднаш по објавувањето на видеото, а најстрашниот момент бил кога добила порака од ИСИС со — „Google Maps“ локација од нејзиниот стан.

„Се преселив во хотел на две недели затоа што првпат навистина почувствував страв,“ рече таа. Оваа ситуација засекогаш го променила нејзиниот поглед кон светот — и кон навредите кои секојдневно ги добива. „Веќе не ме допираат глупостите што ги зборуваат луѓето. Само си помислувам: ’Дали си ти ИСИС? Не си? Тогаш остави ме на раат.‘“

Калифа денес има 32 години и има изградено нов имиџ како инфлуенсерка и ѕвезда на „OnlyFans“, но сенката од тој еден видео-клип и натаму виси над неа. За „The New York Times“ изјави: „Станав озлогласена по случајност. Снимив сцена која требаше да го искористи мојот арапски идентитет. Не сакав да ја снимам, но сепак прифатив. Неколку часа по објавата – настана хаос.“

И додека интернетот не заборава, Миа Калифа денес се обидува да го редефинира својот идентитет, соочувајќи се со последиците од избор кој, како што вели, го направила од наивност и под притисок.