Селебрити

Моќниот бизнисмен го замени со „рускиот Аполон“: Кралицата на бикини толку се занесе со љубовникот што не сфати дека цело време ги снимаат

Американската манекенка и актерка Брукс Надер (28), која многумина ја нарекуваат кралица на бикините, не може да се засити од своето ново момче, танчерот Глеб Савченко (41), а тоа го потврдува и најновото видео од бекстејџот каде што парот е уловен во прегратка

Нивната колешка од „Танц со ѕвездите“ Ема Слејтер објави видео на TikTok како се бакнуваат, несвесни за другите луѓе околу нив. Двојката продолжила да се гушка, а потоа во еден момент Брукс сфатила дека ги снимаат. „О Боже“, напиша таа покрај објавеното видео.

@emmaslaterofficial

Just call me paparazzi @glebsavchenko @Brooks Nader @Dancing with the Stars DWTS

♬ original sound – Emma Slater

Папараците и претходно се обидоа да ги фатат заедно, откако почнаа се погласни гласини дека се поврзале и станале нов пар. Тие отсекогаш негираа, а се дополнително беше зачинето со веста дека Брукс се разведува од сопругот бизнисмен Били Хејр, со кој беше во брак речиси четири години. Наводно со месеци живеат одвоено, а одлуката за развод ја донеле со заедничка согласност.

Двојката последен пат беше фотографирана заедно во јавност на почетокот на февруари додека беа на одмор во Мексико. Во април, Надер се појави соло на 8 Годишни модни награди во Лос Анџелес.

Нивната венчавка се одржа на 14 декември 2019 година во Њу Орлеанс, Луизијана, а тие разменија завети пред 330 од нивните најблиски пријатели и семејството. Во тоа време, таа рече дека е многу „возбудена што конечно може да го нарече Хејр свој „сопруг“ и дека се радува на заедничка иднина. Но, се чини дека таа го замени бизнисменот со „рускиот Аполон“.

Да се потсетиме дека Брукс стана модел на Sports Illustrated откако победи на Sports Illustrated Swim Search во 2019 година, а се појави на насловната страница на списанието во 2023 година. Оттогаш, таа секоја година се појавува во изданието на Sports Illustrated Swimsuit. Инаку, Хејр е потпретседател на медиумската компанија “The Arena Group”, која е сопственик на Sports Illustrated. Поради ова, тој секогаш имал разбирање за нејзината работа и целосно ја поддржувал.