ПопуларноСелебрити

Никол не пропушта можност да ги покаже градите

Таа секогаш го привлекува вниманието на јавноста – а понекогаш е доволно само за да ги истакне нејзините бујни гради!

Познатата пејачка и актерка Никол Шерцингер неодамна организирала забава по повод нејзиниот 47-ми роденден.

Се чини дека најубавиот период од животот штотуку започнал за неа, бидејќи актерката во петтата деценија го дочека остварувањето на својот сон – ја доби престижната награда „Тони“ за најдобра главна женска улога во мјузиклот „Sunset Boulevard“.

Како што пренесоа странските медиуми, таа сакала да го прослави својот голем успех и 47-иот роденден во кругот на блиски пријатели па организирала забава.

Фотографиите и снимките од прославата се појавија на социјалните мрежите, но нејзините фотографии пред големиот спектакл привлекоа големо внимание.

Како што може да се забележи, таа гордо позирала во градник, а нејзините бујни гради беа особено видливи.

Пејачката стајлингот го надополни со брановидна фризура и впечатлива шминка која ги истакна природните црти на нејзиното лице, а на обожавателите им подари светла насмевка и голем бакнеж.