ПопуларноСелебрити

Откако бракот и се распадна по 13 години, познатата убавица повторно е во врска (ФОТО)

Натали Портман конечно ја пронајде љубовта откако нејзиниот 13-годишен брак се распадна. Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за познат француски музичар.

Актерката Натали Портман (43) наводно е во врска со францускиот музичар Танги Дестабл.

Љубовниците се фотографирани на романтична прошетка во Париз, каде Натали, како што пренесуваат странските медиуми, во еден момент добила бакнеж од својот сакан.

Фотографиите се проширија на мрежите, а луѓето масовно коментираат дека актерката конечно пронашла нова љубов по распадот на 13-годишниот брак.

Да потсетиме, минатата година Натали Портман официјално ги потпиша документите за развод од нејзиниот тогашен сопруг и кореограф Бенџамин Милепид.

Актерката наводно не можела да му прости на поранешниот сопруг за прељубата со 25-годишната француска активистка Камил Етјен, а разводот следел по долгата криза низ која поминале тајно.

Натали и Бенџамин го делат старателството над нивните деца – синот Алеф и ќерката Амалија.