Индиската манекенка Падма Лакшми била силувана, па забременила и не го знаела таткото: „Ќе те боли само кратко“
Животот на познатата Индијка уште од раното детство бил обоен во тешки бои кои ја следеле и подоцна.
Денес славна, успешна и остварена водителка и модел – Падма Лакшми во своите мемоари кои ги напишала во 2016 година ги открила болните искуства низ кои поминала во детството и тинејџерското доба, а станува збор за сексуално злоставување.
Додека живеела со мајка ѝ во Њујорк, често била жртва на пријателот на нејзиниот очув, со кој, како што наведува во мемоарите, морала да лежи во кревет будејќи се со неговата рака на интимните делови.
„Потоа ќе ја земеше мојата рака и ќе ја ставеше на своите интимни делови. Не знам колку пати тоа се случи затоа што верувам дека некогаш таквите инциденти сум ги отспала“, напишала Падма.
Ова лошо искуство набрзо ѝ го кажала на својата мајка која ѝ поверувала, меѓутоа откако му го кажале на нејзиниот очув тој не верувал во тоа, па одлучиле да се преселат во Индија.
На убавата Индијка тинејџерските денови ѝ биле обоени во мрачни бои, на 16 години тогашното момче ја силувало, за што проговорела после 32 години.
„Отидовме во неговиот стан, заспав, а кога се разбудив, тој беше врз мене. Го прашав: Што правиш? Рече: Ќе те боли само кратко. Те молам немој, врескав јас“, раскажала Падма за „NY Times“.
Таа одлучила да проговори за тоа, прво поради својата ќерка Кришна, а потоа и поради сите останати девојчиња.
Уште една потресна работа во врска со оваа водителка е таа што додека била бремена со Кришна, всушност не знаела кој е таткото на детето.
Таа во исто време во 2009 година се забавувала со двајца моќни мажи, милијардерот Теди Форстман и инвеститорот Адам Дел, не криејќи ги еден од друг затоа што како што навела, во тоа време не сакала сериозна љубовна врска.
Меѓутоа, веста за бременоста сите ги изненадила, прво самата Падма затоа што во тоа време се борела со ендометриоза и по процена на докторите не можела да остане бремена, а потоа кога веста му ја соопштила на Теди тој бурно реагирал и од старт негирал дека е татко на детето, што подоцна тестот за татковство го потврдил тоа.
Сепак, Теди пред својата смрт во 2011 година малечката Кришна ја вметнал во тестаментот, за да наследи дел од неговото богатство, а презимето на нејзиниот биолошки татко Адам Дел било додадено во изводот од матичната книга на родени дури по смртта на Теди Форстман.