Пејачот ги загрижи сите, а сега објави „Се чувствував како измамник“ (ФОТО)
Пејачот Џастин Бибер, кој со недели ја шокира јавноста, проговори и ја објасни својата состојба.
По зголемената загриженост за неговото ментално здравје, пејачот Џастин Бибер одлучи јавно да им се обрати на своите обожаватели.
На неговиот профил на Инстаграм. Бибер, кој неодамна го прослави својот 31 роденден, сподели емотивна објава.
Тој призна дека често се чувствува како измамник и неадекватен.
„Луѓето цел живот ми велеа: „Леле Џастин, ти го заслужуваш тоа“, а јас лично секогаш се чувствував недостоен за тоа, како да сум измамник. Ме натера да се чувствувам како нешто да кријам, би помислил: „Да ги знаеа моите мисли….”
На овој негов гест му претходеа фотографии на социјалните мрежи каде изгледа многу исцрпено и чудно.

Тој додаде дека секојдневно се чувствува неподготвен и недоволно способен.
Сето ова го кажувам за да кажам: „Ако се чувствувате како да криете нешто, добредојдовте во клубот“.
Тешко е да се каже што навистина се случува со него, а за тоа дека има проблеми говори и фактот што неодамна се појави информација дека тој и неговата сопруга Хејли сакаат да се преселат во Европа, „за да се дистанцираат од животот во Холивуд и да се обидат да го спасат својот брак“.
Извор близок до парот, кој е агент за недвижнини, наводно открил за “Page Six” дека манекенката и пејачката го контактирале за да им најде дом во Европа, каде што ќе можат да живеат како нормални луѓе, далеку од рефлекторите.