ПопуларноСелебрити

„Повеќето од нив починаа, но има една“: Клинт Иствуд откри со која колешка би сакал да соработува

Клинт Иствуд остави неизбришлива трага во Холивуд, а сега откри дека би сакал да соработува со актерката Кејт Винслет.

Неговата кариера е полна со незаборавни улоги, а како режисер снимил 40 филмови.

Соработувал со бројни познати имиња, но се уште има неостварена желба да соработува со актерка.

Иствуд никогаш не избира актери само врз основа на личните мислења, туку на тоа кој најмногу одговара за одредена улога.

Во интервју за “California Conversations”, на прашањето со кои актери отсекогаш сакал да соработува, но никогаш не добил шанса, Иствуд одговорил во негов карактеристичен стил.

“Па, повеќето од нив веќе починаа” – рече тој.

Сепак, тој нагласи дека би сакал да ја види Кејт Винслет во својот филм.

“Ако го прочитам сценариото и ја замислам Кејт Винслет, знам дека таа би била совршен избор за улогата” – откри актерот и режисер.

Тој смета дека клучот за успехот е во изборот на добра актерска екипа.

“Ако добро ги изберете актерите, а јас не сум првиот што го кажува тоа, 90 отсто од работата е веќе завршена” – изјави Иствуд.