ПопуларноСелебрити

Повторно држи за рака 37 години помлад маж: Не се одвојува од неа, а коментарите не му пречат (ФОТО)

Мадона не престанува да привлекува внимание со приватниот живот, особено интересен е нејзиниот избор на емотивни партнери.

Кралицата на попот Мадона (66) со децении привлекува внимание на секој чекор. Било да е нејзината кариера или контроверзи во животот, таа е неприкосновена.

Иако неодамна беше во центарот на вниманието кога го покажа своето лице без шминка, овој пат не заинтересира на малку поинаков начин.

Нејзиниот љубовен живот често е тема на медиумите, најмногу поради големата разлика во годините. Таа моментално ужива во љубовта со нејзиното момче Акем Морис, кој е 37 години помлад од неа, па многумина коментираат дека тој би можел да и биде внук наместо партнер.

Папараците сега ги фотографираа двајцата, а би се рекло дека пејачката е прилично среќна покрај овој човек.

Мадона и Акем се познаваат од 2022 година, но нивната врска беше потврдена дури две години подоцна. Тие раскинаа во октомври минатата година, но се смирија само една недела подоцна. Се чини дека сега се е во ред, и дека овој пар цвета од љубов.