Повторно му цветаат рози на Бекам: 10 години постарата убавица не се одвојува од него (ФОТО)
Уште еден Бекам ужива во љубовта со својата девојка, а двајцата заедно привлекуваат внимание со своите необични модни изданија.
Синот на Дејвид Бекам, Круз, веќе некое време се забавува со Џеки Апостел, десет години постарa од него. Веста за врската на најмладиот син на Бекам и Џеки изненади многумина, но се чини дека овој пар е позаљубен од било кога.
Тие се појавија заедно на прославата по доделувањето на “БРИТ” наградите и по тој повод маѓепсаа со своите изданија.

Круз избра широки црни панталони, бела маичка и кожна јакна и на тој начин остана доследен на својот претходен стил, додека најизненадувачка беше неговата девојка.
Џеки беше во обичен костум со риги, на кој додаде вратоврска, а целото издание го заокружи со елегантни салонки.
Парот не се разделуваше цело време, а имаа многу трпение за фотографите на кои неуморно позираа.

Веста за нивната врска изненади многумина, најмногу поради разликата во годините, а како што откри и самата Џеки, врската со Круз дошла набргу откако таа минала низ многу тежок период.