Селебрити

Полни се пари, а живеат со двете деца во двособен стан: Луѓето воодушевени од тоа како ги воспитуваат своите деца

Ева Мендез и Рајан Гослинг важат за еден од најубавите холивудски парови, додека нивниот брак моментално е еден од најстабилните. Интересно е што парот се венчал во тајност, а и денес никој не знае точно кога и каде.

По бракот, Ева реши да се посвети на семејниот живот и да се откаже од актерството. Таа на 42-годишна возраст го роди своето прво дете, ќерката Есмералда, а две години подоцна со Рајан ја доби и ќерката Амада.

„Отсекогаш сум имала јасна граница кога се во прашање мојот сопруг и моите деца. За нив ќе зборувам, секако, со ограничувања, но нема да објавувам фотографии од нашето секојдневие. За мене црвениот тепих е повеќе работа отколку покажување љубов“, напиша таа во една прилика.

Славниот пар може да си дозволи луксузен живот и уживање, но сепак избираат да ги воспитуваат ќерките во едноставност и труд. Живеат во мал стан со две спални соби, делат домашни обврски, а немаат дури ни дадилка. А причината зошто се одлучиле на ваков начин на живот е специфична.

Тие двајца се совршен пар, таа сака да готви, а тој да чисти. Мендез вели дека е „кујнски изрод“, а нејзината страст за чистење се претворила во деловен проект. Ева стана косопственик на компанија која произведува антибактериски сунѓери за чистење. Таа вели дека сака да ги мие садовите и да го чисти мијалникот бидејќи тоа делува терапевтски на неа.

„Животот е толку хаотичен. Но, единственото нешто што можам да го контролирам е мојата куќа, мојата кујна. Така, кога ги мијам садовите, тоа е медитативно за мене и оди подлабоко од самото чистење, тоа ми дава јасност. Чист мијалник за мене е бистар ум“.

Децата ги воспитуваат да бидат независни
„Добар родителски совет по кој живеам е: Сакам моите деца, кога ќе се најдат во неволја во одреден момент од животот, да кажат: ‘Ах, морам да ѝ се јавам на мама’, наместо ‘Ооо, не можам да ѝ го кажам ова на мама’“ – раскажала Ева, додавајќи дека сака децата да чувствуваат дека можат да ѝ кажат сè.

„Секогаш се трудам да се поврзам со нив, особено во најтешките моменти, кога не сакам и кога повеќе би сакала да им се лутам“, рекла Ева.

„Кога бевме во Лондон, одевме на мјузикли, во театар, музеи, замоци, излети… Сепак, сега чувствувам дека е време да им ја вратам здодевноста на децата, но и на себе. Сакам кога нѝ е здодевно, кога не нè стимулира телефонот, компјутерот, телевизијата – тогаш нѝ доаѓаат идеи. Некогаш е забавно, некогаш е опасно, некогаш просветлувачко, но сакам да нѝ биде здодевно“, заклучува актерката.