„Поранешниот ме силуваше со шестмина негови другари. Не сакав да живеам по тој ужас“ – Памела Андерсон открива потресни детали од животот
Иако со години е присутна на светската сцена, многумина не знаат дека животната приказна на актерката Памела Андерсон крие бројни шокантни детали, кои таа ги откри дури години подоцна, откако стана светска ѕвезда и симбол на женската убавина.
Памела Андерсон минатата година постигна голем успех со улога која ѝ донесе номинација за „Златен глобус“. Таа стана заштитно лице на „no make-up“ трендот, поради што на црвениот тепих најчесто се појавува без шминка.
Многу лични детали откри во документарецот „Pamela, A Love Story“ од 2023 година, како и во бројни интервјуа. Меѓу другото, со јавноста сподели дека била сексуално злоставувана од негувателка од својата шеста до десетта година. На 12-годишна возраст била нападната од 25-годишен маж, а насилство доживеала и две години подоцна.

Како што раскажа, тогашниот нејзин поранешен дечко ја силувал заедно со шестмина пријатели. „Не сакав да живеам, сакав да исчезнам од лицето на земјата“, изјави Андерсон.
Славната актерка има зад себе исклучително бурен љубовен живот. Пред три години се разведе по само 12 дена брак со филмскиот продуцент Џон Питерс. Ниту нејзините претходни бракови не беа долготрајни.

Пред бракот со Џон Питерс, двапати се омажи за Рик Соломон – првпат во 2007 година, а потоа и во 2014 година. Првиот брак траеше само два месеца, а беше официјално завршен во 2008 година. И вториот брак заврши брзо – од 2014 до 2015 година. Со музичарот Кид Рок беше во брак од 2006 до 2007 година, а со тапанарот на „Mötley Crüe“, Томи Ли, помина три години – од 1995 до 1998 – и со него има два сина.
Томи Ли, нејзиниот поранешен сопруг, ја малтретирал физички. По разводот, честопати се шпекулираше дека повторно ја обновиле врската. Тој во јавноста ја објави нивната интимна видео-снимка, што претставуваше огромна повреда на нејзината приватност. Големо разочарување ѝ приреди и фудбалерот Адил Рами. Врската со познатиот Французин, кој беше 18 години помлад од неа, заврши поради неговата неверство, што Памела го сподели јавно.

