Првата југословенска старлета се појави во 1976-та година! Се сликаше целосно гола и ги маѓепса сите мажи, а вака изгледа денес
Тоа предизвика лавина од спротивставени коментари, а додека мажите беа воодушевени, жените ја критикуваа и отфрлаа
Дијана Нивен Беќировиќ кариерата ја започна на 14 години, а во 80-тите беше една од најубавите жени на светот.
Може да се каже дека беше прва старлета во регионот. Таа се занимаваше со новинарство, а својата убавина ја искористи за интервјуа со бројни познати личности.
Родена е во 1962 година во сиромашно семејство во Лукавац кај Тузла. Собрала храброст и решила да направи нешто што никој досега не го направил – се соблече и позираше за „Старт“.

Тоа предизвика лавина спротивставени коментари, а додека мажите беа воодушевени, жените ја критикуваа и одбиваа.
Дијана Беќировиќ ги освои мажите во Југославија, но и светот со своите фотографии од насловните страници на списанијата кои дотогаш беа резервирани само за девојки од странство. Својата манекенска кариера ја започна како четиринаесетгодишна, а во осумдесеттите важеше за секс-бомба на поранешна Југославија.
Таа беше и една од „Девојките од Јадранското крајбрежје“ во едиторијалот „Плејбој“ во 1981. Сликите на тогашните убавици на ЈУ кои стоеја голи пред објективот се појавија и во германското издание на Плејбој под наслов „Титови девојки“!

Во 1984 година замина во Италија каде стана модел на познати брендови како „Версаче“ и „Ла Перла“. Во средината на 80-тите одлучила да замине од Југославија во Италија и тогаш започнува нејзината успешна манекенска кариера.
Работела во телевизијата „РАИ“, каде водела религиозна емисија. Папата Јован Павле Втори го интервјуираше три пати. Дијана остана запаметена и по тоа што го направи последното интервју со познатиот Формула 1 возач Аиртон Сена.
Од Рим замина во САД со Ахмет Етергун, продуцент кој беше задолжен за кариерата на најголемите музички ѕвезди како Ролинг Стоунс, Лед Цепелин, Реј Чарлс и Арета Френклин.
Работела како негова секретарка петнаесет години, каде ги запознала и заведувала најголемите светски ѕвезди. Таа беше во врска со бројни познати личности, како од домашната така и од странската сцена, а најпознати имиња меѓу нив секако се Ал Пачино и Горан Бреговиќ.
– Сите паднаа пред Мајкл Корлеоне, но не и јас. Тој не беше мој тип. Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“ со Френсис Форд Копола. Излеговме, но тој беше постојано напнат и секогаш параноичен за папараците. Редовно во страв да не те фатат. Моја задача е од мажот да направам маж, а негова да ме направи жена. Не го чувствував тоа за Пачино, туку само неговото зовриено его – раскажала детали од врската со холивудскиот актер.
Со текот на времето, неговото однесување почна да ја мачи, а таа не сакаше да ги слуша неговите наредби.
– Почна да ми дава наредби кога бевме надвор навечер. Како „да си одиме дома веднаш“. Му одговорив: „Слободен си оди“. Ги договаравме нашите средби и на Сицилија. Му реков: „Ќе ти облечам кошула“. Мислев на лудачка кошула. И неверојатно, само два дена по мојата шега, Ал Пачино заврши во психијатриска клиника како резултат на постојан стрес. Ал е прекрасно момче, но иако многу луѓе го гледаат како „Кум“ или „Лице со лузна“, јас го доживеав како немирна личност. Можеби и со насобрани комплекси – изјави Беќировиќ.

– Ме обвинија дека го растурив „Бијело дугме“. Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бијело дугме“. Беше заљубен во мене, но наеднаш се појави Горан Бреговиќ. А Горан кога сака нешто, го добива. И оттука започна конфликтот меѓу двајцата членови на „Дугме“. И дали Горан ме „украде“ од Владо? Па да! – рече таа.
Поради една вечера со Силвија Берлускони, Беќировиќ беше обвинета за падот на италијанската влада, поради што ги тужеше италијанските весници, а Ники Лауда, кој беше многу љубоморен, се тепал во кафеана поради неа! На списокот на нејзините љубовници наводно биле додадени и Здравко Чолиќ и Мик Џегер, а се пишувало дека Арнолд Шварценегер отворено и се пуштал.
Многубројни тогашни сведоци тврдат дека „Бијело Дугме“ се распаднала поради Беќировиќ.

Денес Дијана Беќировиќ живее во Лос Анџелес и работи сосема поинаква работа. Имено, таа дипломирала на Американскиот филмски институт, а неодамна ја објавила книгата „Мојата приказна“ во која открила бројни детали од својот живот.
Таа сè уште и покрај годините е во одлична форма, а следбениците често ги почестува со одлични фотографии на социјалните мрежи.