Пред 15 години таа беше сон на мажите, денес сите се прашуваат што и се случило (ФОТО)
Поранешната убавица Елса Куп по петнаесет години се појави на црвениот тепих во Холивуд и многумина ги загрижи со својот непрепознатлив изглед.
Актерката Елиза Куп, која сигурно ја паметите по улогата во серијата „Scrubs“ (стажанти) се појави на црвениот тепих за премиерата на серијата „The Residence“ на Нетфликс во Холивуд и 15 години подоцна ретко кој би ја препознал.

Таа остана доследна на својата руса коса, но нема ни трага ни глас од актерката која многумина ја обожаваа во серијата. Сега таа загрижи многумина со својот изглед, а се појави во провокативен златен фустан со асиметричен крој и длабоко деколте што дополнително ја истакна нејзината загрижувачки слаба фигура.

Фустанот со светки го искомбинирала со црни високи чизми и крзнено палто . Избра потемна шминка, а покажа и бројни мали тетоважи со кои го украси горниот дел од телото.
Фотографиите од поранешната миленичка брзо стигнаа до социјалните мрежи и се проширија, а многумина коментираа дека изгледа сосема поинаку од Елиза која ја паметат.
