Принцезата Кејт ја нема нигде, а Принц Вилијам не носи бурма
Во екот на медиумската драма поради повлекувањето на Кејт Мидлтон од јавноста, принцезата од Велс, поради закрепнување после операцијата, фановите на кралското семејство забележале дека нејзиниот сопруг не носи бурма на раката.
Додека светот чека Кејт Мидлтон да се врати во јавноста после операцијата која ја имала во јануари, делува невозможно да се запре лавината шпекулации и теории на заговор за нејзината состојба.
После операцијата во пределот на абдоменот, сопругата на принцот Вилијам се повлече од своите кралски должности и моментално закрепнува, а би требало да им се врати на обврските после Велигден.
Меѓутоа, поради фактот што за нејзиното здравје не се знае апсолутно ништо и дека објавени беа повеќе претерано уредени фотографии, на социјалните мрежи и во медиумите кружат разни гласини.
Најголемиот скандал го предизвика портретот на принцезата од Велс со нејзините деца кои новинските агенции ги повлекоа поради „манипулација“, а Кејт Мидлтон се извини на социјалните мрежи поради евентуалната забуна и порачала дека експериментирала со обработка на фотографии.
Од тогаш секој детаљ во врска со однесувањето на кралското семејство се следи, а сега на ред стигна уште една тема – принцот Вилијам во јавноста се појавува без бурма на раката.
„Зошто Вилијам не носи бурма? Ова нешто значи“, „Кога успеа да ја извади бурмата од раката?“, „Постојат сѐ повеќе вести за неговата наводна љубовница, а потоа тој се појавува без бурма… Сомнително“, биле само дел од коментарите.
Меѓутоа, она што многумина не го знаат е дека принцот од Велс откако се оженил со Кејт Мидлтон во 2011 година ниту еднаш во јавноста не бил забележан со бурма на раката.
Додека принцезата речиси е невозможно да ја забележите без бурма, Палатата на Свети Џејмс еден ден пред нивната венчавка најавила дека принцот Вилијам нема да носи никаква бурма откако ќе го склопи бракот.
„Тој не е за накит. Никогаш не носел ништо. Одлучил и сега дека не мора да ја носи бурмата. Тоа е лична преференција“, изјавил тогаш извор за „The Mirror“.
Што се однесува до Кејт Мидлтон, на нејзината рака прстенот сјае, а истиот долго време бил во сопственост на кралското семејство и кралицата Елизабета Втора.