(Видео) Рација во домовите на славниот рапер: Пи Диди осомничен за трговија со луѓе
Домовите на раперот Пи Диди во Лос Анџелес и Мајами беа претресени од Homeland Security во врска со федералната истрага за трговија со луѓе.
Повеќе жени се појавија обвинувајќи го Диди за тепање, сексуален напад и принудно дрогирање.
Обвинителката Џои Дикерсон вели дека кога имала 19 години, на состанок, Диди ја дрогирал, потоа ја однел дома и наводно и ја силувал.
Како што кажува таа, Диди го снимил нападот и им го покажувал на пријателите. Друга тужба е поднесена од маж, кој го обвинува Диди за „несакано пипкање и сексуално допирање“.
Во меѓувреме, приватниот авион на Диди ја напушти Америка и се претпоставува дека патува кон Капе Верде, држава која што не врши екстрадиција во САД.