ПопуларноСелебрити

Саша Поповиќ и Лепа Брена ја посетиле Баба Ванѓа: Му погодила сè, освен кога ќе почине

Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти денеска Гранд продукција.

Иако под негата на врвни европски лекари и иако не се откажувал до крајот, болеста сепак го победи познатиот шоумен.

Пред неколку години, Поповиќ се присети на средбата со Баба Ванѓа и на она што тогаш му го кажала таа.

Поповиќ тропнал на вратата на познатата пророчица заедно со Лепа Брена.

– Имавме турнеја во Бугарија, па ги замоливме луѓето од Министерството за култура кои ја организираа, да ја посетиме Баба Ванѓа. Вечерта пред да ја сретнеме кај мене и кај Брена, дојде една жена и ни донесе по две коцки шеќер. Таа рече да ги завиткаме во салфетка и да ги ставиме под перницата во текот на ноќта, а наутро да и ги дадеме на пророчицата. Тоа е она што го направивме. Ванѓа ги зеде двете коцки шеќер, молчеше една минута и потоа ми рече: Не се повторувам двапати, па слушај. Погоди дека имам 37 години, дека татко ми загинал во сообраќајна несреќа и дека мајка ми повеќе не пали свеќа за слава – вели Поповиќ и додава дека дури го „видела“ распадот на групата „Слатки грех“.