Сега е јасно зошто токму таа е најзгодната жена на светот: Едно видео ги сруши мрежите (ВИДЕО)
За Никол Шерцингер времето како да застанало – речиси секое нејзино појавување ги остава луѓето без здив, а сега ни покажа и зошто има такво тело.
Заводливата Никол Шерцингер постојано воодушевува со својот изглед. Без разлика дали чекори по црвен тепих или ужива на кафе со пријатели, таа секогаш изгледа беспрекорно и стилски.
Овој пат, пејачката покажа како изгледа еден нејзин обичен ден во теретана – и токму тука се крие тајната на нејзината совршена форма.

Објавите од тренингот привлекоа големо внимание, најмногу поради нејзиниот изглед – Никол вежбаше во тесни хеланки, демонстрирајќи вежби за нозе и задник, додека фановите ја обливаа со комплименти во коментарите.

Никол блескаше во спортска комбинација – хеланки и топ – и повторно нејзиното тело беше во центарот на вниманието.
Изминативе денови објави и бројни фотографии во бикини, бидејќи поголем дел од зимата го помина на плажа. Секое нејзино појавување на социјалните мрежи предизвикуваше мала „треска“.
Иако знае да изгледа и многу елегантно, провокативниот стил е нејзино заштитно обележје – она по кое ја паметиме и сакаме да ја гледаме.