Секси фотографии на атрактивната русокоса ја запалија мрежата! Леота се разголе на снегот, ќе ви падне вилицата! (ВИДЕО)
Атрактивната водителка Дилета Леота (33) повторно ја привлече вниманието на јавноста, овој пат од луксузниот Санкт Мориц, каде што се фотографираше на снегот и на ниски температури во многу заводливо и разголено издание.
Заносната русокоса и сопруга на голманот Лорис Кариус моментално престојува во престижното зимско одморалиште Санкт Мориц во Швајцарија, едно од омилените места на бројни светски ѕвезди.
Позната по својот истенчен моден вкус, Дилета ни овој пат не ги разочара своите следбеници. На „Инстаграм“ сподели серија фотографии на кои позира во впечатлив црвен комбинезон кој, без сомнение, ја нагласи нејзината беспрекорна фигура.
Сепак, најмногу внимание привлече фактот што горниот дел од комбинезонот беше откопчан – со што нејзините раскошни гради дојдоа во прв план.
За „шлаг на торта“, на една од фотографиите од колажот, Дилета позираше и без долниот дел од облеката, и покрај ниските температури и снежната атмосфера во која беа направени сликите.
Фановите, според коментарите, воодушевено реагираа на нејзиното смело издание и ја облеаја со комплименти и пораки на поддршка.