Се бори со рак, а на Оскарите го украде шоуто со разголените гради!
Италијанската манекенка Бјанка Балти воодушеви со својата појава на забавата на Vanity Fair по доделувањето на Оскарите.
Победа над болеста
Бјанка Балти, италијанската убавица, е посилна од болеста и од болката. Летото минатата година ѝ беше дијагностициран рак на јајниците во трет стадиум.
Не губеше време – веднаш започна со лекување. По неколку исцрпувачки месеци, резултатите беа позитивни. Го изгуби својот препознатлив изглед, но не и добрата енергија.

Модна храброст што никого не остави рамнодушен
На ексклузивната забава, Бјанка пристигна во проѕирна креација во боја на слонова коска, чиј горен дел целосно ги откриваше нејзините гради, бидејќи не носеше градник.
Комбинацијата на нежниот сатен и нејзината храброст создаде совршена хармонија која никој не можеше да ја игнорира. Со својот смел моден избор, таа целосно го украде шоуто на оваа престижна манифестација.