Сите можеа да видат дека не носеше градник: Пејачката се појави во фустанче што откри сè, па дури и го „пецна“ поранешниот сопруг!
Мајли Сајрус не носеше градник под фустанот, па речиси целосно ги покажа голите гради, облечена само во црни гаќички.
Пејачката Мајли Сајрус остави многу малку на фантазијата за време на едно појавување во Њујорк, во рамки на промоцијата на нејзиниот нов албум „Something Beautiful“, пишува The Economic Times.
Мајли беше фотографирана во средата во проѕирен црн фустан со длабоко деколте, со што ги истакна сите свои атрибути.
Под фустанот, Сајрус не носеше градник, а единствено што носеше беа црни гаќички. Нејзината кадрава коса беше собрана во лежерна пунџа, а изгледот го надополни со сончеви очила. Елегантниот и заводлив фустан го комбинираше со црни штикли.
Во Њујорк, Мајли се дружеше со обожавателите, потпишуваше автограми и се фотографираше со нив пред да влезе во зградата.
Подоцна се дозна дека Мајли суптилно го „пецнала“ својот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт. Еден обожавател, кој исто така се вика Лијам, изјави дека Сајрус му ја потпишала копијата од албумот „Something Beautiful“ со зборовите: „На најдобриот Лијам“.

Лијам и Мајли ја започнаа врската во 2010 година, по запознавањето на сетот на филмот „The Last Song“. Првпат се верија во 2012 година, но раскинаа во 2013. По три години се смирија и се венчаа во 2018, но осум месеци подоцна се разделија, а официјално се разведоа во 2020 година.
Година дена подоцна, Мајли започна врска со Макс Моранд, со кого сè уште е заедно.