Селебрити

Славната актерка го обвини колегата: „Моето тело беше бордел. Неговото либидо ме направи ЗАВИСНА ОД ИНТИМНИ ОДНОСИ! Можев да ги имам секој ден, цел ден, и НИКОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МЕ СЛЕДИ“

Американската актерка Аналин МекКорд јавно призна дека во минатото била зависна од секс и фетиши поврзани со врзување и играње улоги, велејќи дека се однесувала кон своето тело како да работи во јавна куќа. Таа имала склоност кон садо-мазо односи, а отворено зборуваше за нејзиниот некогашен разулавен животен стил во поткастот Braving The Way With Dr Fletch.

„Им велев на луѓето: ’Да, твоето тело е храм, моето тело е бордел‘. Имав морбидно чувство за хумор околу тоа. Интимноста беше нешто што можев да го имам постојано, цел ден, секој ден, и никогаш да не се уморам. Никој не можеше да ме следи“, раскажа атрактивната русокоса.

Во април оваа година, МекКорд откри дека е во нова врска која ѝ помогнала да го напушти тој начин на живот, прифаќајќи медитација и духовност. Нејзиниот партнер е познатиот британски рагбист Дени Сипријани, кој и сам се борел со сексуална зависност. Тој порано призна дека знаел да спие со три жени на ден и дека интимните односи му биле „како алкохол на алкохоличар“.

Аналин е најпозната по улогата во тинејџерската серија 90210, современо продолжение на култната Беверли Хилс 90210, каде што се појавуваше во сите пет сезони, од 2008 до 2013 година. Во тој период, на врвот на својата слава, го запознала актерот Доминик Парсел, со кого била во врска од 2014 до 2020 година — токму со него, вели, ја открила својата фетишистичка страна.

Убавата 36-годишна актерка објасни дека сексот ѝ станал опсесија откако го доживеала либидото на Доминик:

„Не земав дрога, не пиев алкохол. Ми требаше само секс. Тоа беше како бездна. Бев незаситна“, изјави таа.

Во поткастот во кој гостуваше пред две години, откри дека во својата куќа во Лос Анџелес дури имала специјално изработен челичен кревет за врзување. Исто така, се осврна на страсната и бурна врска со познат маж чиј идентитет не го откри.

„Бев врзана за кревет во темница, свртена кон ѕидот, а тој беше зад мене. Тој прекрасен маж … со него бев толку слободна“, раскажа. Парот ја прекинал врската по една година, кога тој ѝ рекол дека му било кажано дека ќе биде ставен на „црна листа“ во филмската индустрија ако продолжи да се гледа со неа.

Таа откри и дека тој контактирал со други жени зад нејзин грб, но дека била подготвена и тоа да му го прости.

„Сакав да бидам со него. Имавме неверојатна врска таа една година. Тоа беше најдобрата година од мојот живот. Потоа дознав дека цело време бил во контакт со други жени. Но, не ја изгубив целата радост само поради тие нови информации. На пријателите им реков: ’Веќе не верувам во моногамија‘“, рече таа.

Како и да е, во последните две години, госпоѓицата МекКорд го променила својот живот од корен. Се свртела кон медитација и внатрешна самоспознание, што ја зближило со Сипријани, кој исто така го пронашол лекот за својата зависност во духовноста.

Двајцата се познавале речиси десет години, но дури во март оваа година нивното пријателство прераснало во љубовна врска.