Сопругата на актерот на мета на постојани напади од фановите: „Боже, тој е убав како АПОЛОН на 53 години, a таа е буквално просечна
„Премногу е згоден, убав, шармантен … таа не може да му парира“, „Изгледаат целосно неусогласени“, „Требаше да најде поатрактивна сопруга“ – вака и уште полошо се коментира изгледот на сопругите на познатите мажи. Според тие коментари, љубовта треба да се сведе на килограми, брчки, целулит, седа коса и слично. За среќа, тоа е далеку од вистината.
Има многу познати тандеми кои се изложени на вакви коментари.
Акциониот херој Марк Волберг е во фантастична форма на 53 години, повеќе од забележливо е дека редовно тренира, додека неговата животна партнерка Рија Дурам е полежерна на тоа поле и не изгледа многу стегнато, што не ја прави ништо помалку убава, но сепак токму оваа разлика ги иницира негативните коментари.

Дека Волберг (53) е во одлична форма се виде на премиерите, но и на слики од нивните одмори на егзотични дестинации. Неговата посветеност на тренинзите е навистина достојна за пофалба, но не можеме да не се изненадиме од коментарите за изгледот на неговата сопруга Рија Дурам, која порано беше модел.

Рија изгледа многу убаво и е шампион за природна убавина. „Критичарите“ изгледа се навикнати да мразат, па истакнуваат дека „не е во топ форма“ и „има целулит, што е очигледно“. Не само што пишуваат за тоа, туку и многу внимателно го коментираат.

„Може да биде со секого, а тој е со неа, зошто?“, „Какви бомби му се нудат?“, „Нема ли доволно пари да се ослободи од овој целулит?“, гласат коментарите во која таа е наречена “чист просек”.

Во меѓувреме, бракот на оваа славна двојка оди одлично, од 2009 година, без афери, проследен со неговата слава и сите предизвици што ги носи таквата кариера. И Рија продолжува да блеска на плажата.

