ПопуларноСелебрити

Го молеше Дензел Вашингтон за помош: Неговите зборови ги „разбранија“ социјалните мрежи (ВИДЕО)

Познатиот актер Дензел Вашингтон стана хит на интернет откако се појави видео на кое се среќава со жена која бара совет.

Во видеото кое се шири на социјалните мрежи, жена му приоѓа на Дензел Вашингтон, која во тој момент влегува во њујоршки театар.

Прашува дали има совет за актери кои не можат да најдат работа. Дензел ја кани да влезе со него во театарот и ја замолува да го спушти телефонот. После тоа видеото престанува.

Не е првпат да дава совети

Во вториот дел од видеото, Дензел ја прегрнува истата расплакана жена и вели: „Зошто плачеш? Јас сум само нормална личност како тебе“. „Каков маж“, „Затоа го сакам“, пишуваат воодушевените обожаватели на Дензел, иако се уште не е јасно што точно излезе од неговиот разговор со жената.

Ова не е првпат Дензел да дава совети. Неодамна му дал совет и на едно момче од Лондон:

„Не можеш да научиш да глумиш онлајн. Мораш да се качиш на сцената. Најдете мал театар. Оттаму почнав. Ако го сакате она што го имам, направете го тоа што го направив.

На крајот од разговорот, познатиот актер му рекол: