Селебрити

Со години се крие од јавноста: Ова е синот на Мајкл Џексон, еве како изгледа

Биги Џексон, најмладиот син на Мајкл Џексон, бил фотографиран додека шета во Лос Анџелес и ова е една од ретките прилики кога папарацо фотографите успеале да го фатат.

Синот на Мајкл Џексон, папарацо фотографите го фатиле пред неколку денови откако премиерно го прикажал својот краток филм „Rochelles“ на филмскиот фестивал во Санта Моника.

Биги Џексон има 22 години, главно живее подалеку од очите на јавноста и ретко се појавува во медиумите.

Тој се „прослави“ уште како бебе кога Мајкл Џексон невнимателно го изнел на балконот од хотелската соба за папарацо фотографите да го фотографираат.

Мајкл, Принц и ќерката Парис ги добил со својата втора сопруга, медицинската сестра Деби Тоуве, додека најмладиот син Биги го родила сурогат мајка.

Пејачот децата ги одгледал сам со помош на вработените на имотот во Неверлeнд, а тој се погрижил на секое дете после смртта да му остави повеќе од доволно за добар живот, третина од богатството кое го поделил на делови.

Биги јавноста го запознала на само девет месеци, кога неговиот татко го покажал на терасата од хотелот во Берлин во којшто престојувал, а постапката луѓето ја осудиле затоа што се чинело дека бебето не го држи како што треба и се чинело дека секој момент може да му падне од рацете.

Биги од социјални мрежи има само Инстаграм, но на својот профил не е активен веќе 2 години, тој тренира боречки вештини, моментално оди на колеџот „Buckley School“, а во текот на пандемијата го основал здружението „Heal Los Angeles“ кое обезбедува храна за сите во градот на кои тоа им е потребно.

Во едно од ретките интервјуа кон крајот на 2021 година открил дека од почетокот на пандемијата биле поделени повеќе од 20000 оброци.