ПопуларноСелебрити

Српската инфлуенсерка на удар на јавноста поради СКАНДАЛОЗЕН ПОТЕГ пред малечко дете, погледнете: „ОВА Е ЗА ЗАТВОР“ (ФОТО)

Отишла чекор понатаму, „промовирајќи педофилија“, според бесните корисници на социјалните мрежи.

Александра Суботиќ, која по пропаднатата ријалити кариера реши да си ја проба среќата како инфлуенсерка, продолжува да шокира од ден на ден.

Минатата година, старлетата имаше пех кога објави видео на Инстаграм во кое се појавува во костим за капење заедно со своите деца. Ова предизвика осуда и поради пријави од корисниците таа беше обвинета за експлоатација на деца. Сепак, тоа не ја спречи да продолжи во ист дух, па сега отиде уште подалеку, „промовирајќи педофилија“, според гневните корисници на платформата X (поранешен Твитер).

Шокантна сцена пред дете

Во видеото кое предизвика бурни реакции, Александра Суботиќ лиже сладолед на провокативен начин пред малечко дете.

Во еден момент, таа се врти и ја покажува својата фигура, што на многумина им изгледало целосно непримерно.

Корисниците на социјалните мрежи не ја штедеа во коментарите, нарекувајќи го нејзиниот потег не само непримерен, туку и потенцијално опасен, бидејќи таквата содржина може негативно да влијае врз младите.

„Каде се социјалните служби? Одвратна ми била отсекогаш. Жена што постојано сака да докаже дека е „добра риба“. Какво е ова промовирање педофилија?“, напиша една бесна корисничка на X.

Други продолжија во ист тон:

  • „Не знам која е, но ова е чисто зло. Објавува изживување врз дете. Ѓубре!“
  • „Извинете? Што штотуку видов? Ова е за затвор!“

Контроверзна ријалити ѕвезда

Да потсетиме, Александра Суботиќ стана позната како девојка која, според медиумите, забременила со момчето на својата мајка.

Во ријалити шоуто „Задруга“ влезе со своето тогашно момче Давид Драгојевиќ, но тој ја остави во шоуто заради Ана Кораќ.

Денес, Суботиќ е во брак со бизнисменот Пеца Распоповиќ, кој беше фатен во афера со нејзината пријателка Маја Маринковиќ, но таа му прости сè.