Српска пејачка ја обвини Јелена Карлеуша: Мама Јеца, спиеше со дечко ми
Пејачката Едита пред 3 дена на својот профил на Инстаграм изнела обвиненија на сметка на Јелена Карлеуша.
„Нее Јецо … Си се помешала. Џукелско однесување е тоа што спиеше со дечко ми бидејќи твојот албум не ми се допаѓа“, почнала Едита па додала:
„А за него ич да не зборам. Тоа е џукелско однесување мама Јеца, и натаму ти се восхитувам, ти не се виновна што си таква. Си одговарате. Ама реално, малку сум и јас виновна“.
Едита потоа објавија уште еден пост.
„Карли моментално е најјака фаца на Балкан. Освен што го и*еба мојот поранешен, сега се дружи со фанови, државата е зад неа. Штета што сум во Виена и не можам да дојдам да се дружам со мојот идол од детството“, напишала таа.
„Ако уште важи понудата за дует, со задоволство би го снимила, мислам дека би направиле лудило на естрадата. Не е проблем што си повисока од мене, ќе снимиме спот, да не се гледаат тие 30 центиметри. Ама ако беше со дечко ми, кој е висок колку мене, ни тоа нема да ти биде проблем“, завршила таа.