Топлес и танга на 51 година! Германската манекенка изгледа неверојатно
Манекенката Хајди Клум малкумина остави рамнодушни со новото видео на социјалните мрежи.
Имено, Клум се соблекла топлес и запливала на егзотична локација.
„Само ти и јас. Слобода“, напишала таа на Инстаграм и го означила својот 17 години помлад сопруг, Том Каулиц.
По пливањето, Хајди трчала кон плажата и со рацете ги покрила бујните гради.
Оваа 51-годишна манекенка претходно откри како ја одржува завидната фигура.
„Се трудам да се хранам многу здраво. Јадеме околу 06:00 или 06:30 часот, имаме домашна храна, многу е важно да знаете што јадете. Сакам здрава храна. Не јадам многу нездрава храна. Сакам да бидам фит и да се чувствувам исто така“, изјави таа во 2021 година за „Body and Soul“.