„Точно е!“ Даница Ристовски само еднаш јавно проговори за скандалот: По разводот Лазар ја исфрлил од серијата и ја замени со 39 години помлада девојка
Актерот Лазар Ристовски по разводот од повеќедецениската сопруга Даница, ужива во љубовта со 39 години помладата Аница Лазиќ.
Лазар Ристовски пред една година ја отпушти Даница од актерската екипа на серијата „Дрим тим“, а ја ангажирал Аница Лазиќ.
Иако не сакаше да го коментира разводот, како и врската помеѓу Лазар и 4 децении помладата Аница, Даница Ристовски се огласи само еднаш и за медиумите потврди дека е вистина дека нејзиниот поранешен сопруг ја избркал од серијата и ја доделил улогата на нова девојка.
– Така е. Јас не играм. Што повеќе да ви кажам. Веќе немам никаков коментар за ништо – кратко изјавила Даница тогаш за „Ало“.
Инаку, Даница одигра една од главните женски улоги во првата сезона од оваа серија. Таа ја играше спортската коментаторка Јованка Канаѓанин, чиј лик во втората сезона беше заменет со друга новинарка, која ја игра Паулина Манов. Ликот на Јованка во тековната сезона е целосно отстранет.
Разлика во години
Инаку, откако објавија дека се заедно, она што предизвика најмногу коментари е разликата во годините, а Аница често на мрежите истакнува дека многу работи ја фасцинираат кај Лазар.
– Лазар (што значи: „Бог помага“). Се верува дека човек со ова име бил испратен од Бога да помогне на Земјата. Знам дека е така – напиша таа неодамна на социјалните мрежи, а директно му се обрати на Ристовски:
– Ти си победникот. Добротворец. Нашиот најголем уметник. Вечниот творец кој го сака животот и затоа животот те сака тебе. Заштитник. Оптимист. Патриот. Храбар. Одличен пријател. Човек со широка свест и добро срце.