Тој е бездомник на 35 години и одвај има за храна, а неговиот татко е легендарен пејач: Вели дека единствена желба му е барам еднаш да го запознае својот татко
И покрај тоа што легендарниот пејач Том Џонс поминал 59 години во брак само со една жена – Мелинда, со која бил до нејзината смрт во 2016 година, во екот на славата тој имал неколку афери.
Се зборувало дека дури спиел со 250 жени годишно! Една од случајните афери резултирала со раѓање на неговиот вонбрачен син Џонатан Беркери. Сепак, Том долго време негираше дека тој е татко на момчето.
Мајката на Џонатан е поранешната манекенка Кетрин Беркери, која го запознала Џонс во октомври 1987 година додека тој бил на американска турнеја. Кетрин во тоа време работела како хотелски менаџер, но се обидувала да се пробие во индустријата за моделинг. Таа има азиско потекло, но била посвоена од американско семејство кога имала осум години.
Парот имал тридневна романса, но тогаш 24-годишната Кетрин набрзо дознала дека е бремена. Во јуни 1988 година, таа го родила момчето Џонатан, а потоа со месеци водела судска битка со пејачот за признавање на татковството.
Во 1989 година, американскиот суд врз основа на ДНК тест пресудил дека Том Џонс е навистина татко на момчето, но тој продолжил да го негира татковството. Џонс ѝ платил на Кетрин вонсудска спогодба од 50.000 фунти, а до 18-тата година на момчето, тој бил обврзан да плаќа издршка од 1.700 фунти секој месец. Сепак, Том никогаш не направил ништо за својот син освен финансиските исплати наложени од судот. Се верува дека тие никогаш не се ни запознале лично.
На крајот на сето тоа, тој дури во 2008 година признал дека е биолошки татко на Џонатан Беркери, но во исто време јасно ставил до знаење дека сè уште не сака никаква врска со неговиот вонбрачен син.
„Тоа не беше нешто што го планирав. Да го планирав, ќе обезбедев нешто друго освен финансиска помош. Но не го направив. Само паднав на заведувањето“, изјавил во една прилика славниот 83-годишник.
За жал, Џонатан, кој сега има 35 години, водел тежок живот. Неколку пати бил бездомник, живеел во прифатилишта за возрасни и спиел на клупи во градските паркови. Тој, како што тврди, користел дрога во тинејџерските години за да се справи со одбивањето на неговиот татко и неколку пати бил апсен поради обвиненија поврзани со дрога.
„Сето тоа доаѓа од татко ми. Мислам дека долго време не го сфатив тоа, но бев луто дете кое плачеше по татко ми. Бев многу лут. Мојата лутина излезе на површина на училиште. Се борев со сите децата околу мене“, изјавил тој за „Дејли мејл“ во 2013 година.
Џонатан бил принуден да оди на рехабилитација откако излегол од затвор, но неговата ситуација сè уште не била добра. Во 2018 година, тој бил виден како ги пее песните на неговиот татко на улиците на Њу Џерси со картонска натпис „Ми требаат пари“ во неговите раце. Тој наводно живеел во засолниште за бездомници во тоа време и работел со скратено работно време со монтажа на полици во фабрика за мебел.
Во една прилика, тој открил дека се обидел да дојде до својот татко Том, како и со неговиот полубрат Марк, но никогаш не се слушнал со нив. Посочил и дека не барал никаква помош од него, само сакал да се запознаат.