ПопуларноСелебрити

Фифти Сент бара целосно старателство над синот откако поранешната жена Дафне Џој била обвинета дека е сексуална работничка на Пи Диди

Откако беше извршена рација на домовите на Пи Диди, Фифти Сент беше еден од најгласните кои го обивнуваа Диди посочувајќи дека вмешаноста на Диди со трговија со луѓе било јавна тајна

Но откако стигна обвинението на Диди за трговија со луѓе и насилство, Фифти Сент беше доста изненаден откако виде дека на листата на вработените на Диди се најде неговата поранешна жена Дафне Џој, и тоа беше запишана како сексуален работник.

Фифти го дочека својот втор син, Сајр Џексон со Џој во 2012, па се разведоа кратко потоа.

Откако го дозна дека неговата поранешна жена работи за Пи Диди, Фифти Сент веднаш побара старателство над неговиот син.

Тој на неговиот X профил ја објави следната слика со текст “Што е, тоа е. Се гледаме во семеен суд сексуален работнику”

Во друг пост објави “Па ја незнаев дека си сексуален работник. Ти мала сексуална работничка. Ситуацијава е како од филм”

На социјалните мрежи, Фифти Сент посочи дека планира да направи документарна серија за падот на Диди, кој беше обвинет за силување и долгогодишно злоставување во тужбата поднесена од неговата поранешна девојка Кеси во ноември минатата година.

Диди ја реши тужбата следниот ден, но оттогаш специјалци му ја претресоа куќата по што тој се обиде да пребега.

Пресудата за Диди сеуште не е стигната.