Фифти Сент му порача на Џејсон Деруло да „замолчи“ откако застана во одбрана на Пи Диди
Фифти Сент го продолжува своето дивеење против Диди и секој кој наводно е поврзан со правните прашања на славниот рапер.
Неодмана, светско познатиот рапер Пи Диди се најде обвинет за трговија со луѓе, и откако сите веднаш одлучија дека Диди е виновен, Џејсон Дерула за TMZ кажа дека Диди не е виновен се додека не се докаже обратното.
Секако Фифти Сент ги слушна коментарите на Деруло па одлучи да се обрати на неговиот Инстаграм и порача да си ја гледа својата работа
Во постот на инстаграм, Фифти изјави “Замолчи! Подобро да не излезеш ти на некоја од неговите снимки момче”
Се чини дека Фифти Сент не планира да престане со кампањата против Диди во скоро време. За време на фестивалот Дримвил во 2024 година за време на викендот, раперот им се обрати на толпата исмејувајќи се на загрозениот музички директор.
„Те сакам брат, ама не како што сака Пи Диди“, рече тој. „Те сакам дури и ако си сексуален работник“.
50 го направи истото за време на турнејата на Ники Минаж на “Pink Friday 2” во Медисон Сквер Гарден, каде што одвои време за јавно да ја посрамоти Дафне Џој, една од наводните сексуални работнички на Диди и мајка на неговиот син, Сајр.