(ФОТО) Жената мачка објави фотографија од младоста пред смртта: Многумина не знаат каква природна убавица била пред сите операции, кои ги негираше!
Контроверзната ѕвезда на пластичната хирургија Џоселин Вилденштајн почина на 84-годишна возраст.
Џоселин Вилденштајн, швајцарската старлета позната како „Жена мачка“ поради бројните пластични операции, почина на 84-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот партнер, 27 години помладиот дизајнер Лојд Клајн. Според списанието Paris Match, Џоселин починала во париски замок како последица на белодробна емболија.
– Лојд Клајн со тага ја објавува веста за смртта на Џоселин Вилденштајн во Париз – се наведува во соопштението што го пренесе AFP.
Последен пат е видена на 18 декември во Париз, каде се појави здрава и ведра додека се шеташе со партнерот. Носеше бунда, хеланки и чизми, а русата коса брановидно и паѓаше преку рамениците.
Родена како Џоселин Перис во Швајцарија, таа потекнуваше од скромно семејство, но го сврте својот живот со тоа што се омажи за милијардерот Алек Вилденштајн во 1970-тите. Нивниот брак, кој траеше повеќе од две децении, беше бурен и заврши со скандалозен развод. Бракот меѓу жената-мачка и милијардерот пропадна откако го фати во кревет со 19-годишна девојка. Разводот привлече огромно медиумско внимание, делумно поради сумата на спогодбата, која изнесуваше повеќе од две милијарди долари. Со тоа и официјално стана една од најбогатите жени во светот.
Џоселин стана светски позната и во 1990-тите, кога направи серија пластични операции инспирирани од љубовта на нејзиниот сопруг кон големите мачки. Според тврдењата, таа ја започнала трансформацијата за да изгледа како „совршеното мачкино лице“ кое нејзиниот сопруг го обожавал. Меѓутоа, операциите предизвикаа големи контроверзии, а нејзиниот изглед стана симбол на претерување во естетската хирургија.
Иако многумина шпекулираа за нејзините естетски зафати, Џоселин во неколку наврати ја шокираше јавноста со тврдењето дека никогаш немала пластична операција. Таа, исто така, го изрази своето незадоволство од ботоксот, тврдејќи дека има лошо искуство со постапката и дека можеби е алергична на него.
-Не сум направила пластична операција, се плашам од можните последици и не сакам да правам нешто тешко, понекогаш страшно, – рече таа и ги шокираше сите, пренесува Мирор.
На социјалните мрежи Џоселин беше активна до последните денови, споделувајќи фотографии со повеќе од милион следбеници на Инстаграм. Неодамна објави фотографија со ќерката Дијана на која изгледа непрепознатливо, што предизвика чудење и воодушевување кај нејзините обожаватели. Имено, нејзините следбеници не можеле да поверуваат каква убавица била претходно, според многумина таа наводно „уништила“.
Иако нејзиниот изглед и изборот на животниот стил често беа мета на критики, Џоселин остана симбол на ексцентричниот гламур и турбулентниот живот. Нејзината приказна, живот и изглед остануваат контроверзни и интригантни, симболизирајќи ја границата помеѓу гламурот и скандалот.