(ФОТО) Познатата актерка на 41 година го роди своето трето дете, а се објави на социјалните мрежите
Актерката и пејачка Менди Мур (40) доби трето дете со сопругот, музичарот Тејлор Голдсмит.
Таа на социјалните мрежи ја обелодени радосната вест, а на Инстаграм ја објави и првата фотографија од детето.
„Лу е тука! Луиз Еверет Голдсмит пристигна среќна, здрава, експедитивна и точно на време за сезоната на Девицата“, напиша актерката покрај црно-белата фотографија од детето.
Двојката веќе има два сина – тригодишниот Гас и едногодишната Ози – а сега штотуку добија мало девојче.
Потсетете се дека Мур ја започна својата кариера како пејачка, снимајќи хитови како „Candy“, пред да се прослави како актерка, постигнувајќи улоги во филмови како „A Walk To Remember“, „The Princess Diaries“ и „Tangled“ .