Селебрити

(ФОТО) Познат спортист поврзан со „бикини кралица“? Еве која е фаталната бринета

Поранешниот NFL спортист , еден од најпознатите светски спортисти, Том Брејди, воедно и поранешен сопруг на познатата манекенка Жизел Бундхен, наводно има многу блиски односи со манекенката и актерка Брукс Надер, која моментално е меѓу најбараните во светот на моделирањето.

Таа за прв пат се појави во магазинот „Sports Illustrated“ во 2020 година и оттогаш редовно снима кампањи, а според „People“ сè уште не е во врска со Том Брејди, но интензивно се дружат и тоа изгледа како да се повеќе од пријатели.

Познатата убавица се разведе од сопругот Били Хер во 2019 година, по што реши да се посвети на кариерата.

Дипломирала финансии и финансиски менаџмент, но сфатила дека манекенството и е љубов и дека е совршена во рекламирањето на костими за капење.

Токму позирањето во костим за капење и помогна да се истакне во светот на манекенството, благодарение на магазинот „Sports Illustrated“, а оттогаш привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави.

Неодамна, на раскошната венчавка на Оливија Кулпо и играчот на NFL Кристијан МекКафри, таа се појави со принцот Константин Алексиос од Грција и Данска, па се шушкаше дека се во врска, но испаднаа дека се само гласини.