ПопуларноСелебрити

(ФОТО) Со својот секси изглед го креваше притисокот на „Baywatch“! По три децении е фотографирана на улица, сите останаа без зборови како таа изгледа во шестата деценија

Дона Дерико (56), поранешна ѕвезда на популарната серија „Baywatch“, по долго време е фотографирана на улиците на Лос Анџелес, а многумина се изненадени од тоа колку фантастично изгледа во шестата деценија.

Дона се прослави со улогата на Дона Марко во серијата „Чувари на плажата“, која беше хит во 1990-тите. Како фатална русокоса, заедно со Памела Андерсон ги освои погледите и восхитот на мажите.

Никој не можеше да остане рамнодушен на нејзиниот изглед, а нејзините облини и русата коса со бујни гради често доведуваа до тоа да ја споредат со Памела, сметајќи ја за нејзина наследничка.

Три децении подоцна, папараците ја фатија како ужива во прошетка. Актерката отишла на кафе со пријателите, а минувачите не можеле да не го забележат нејзиниот младешки изглед и беспрекорната фигура.

Нејзиното тело и понатаму е затегнато, а многумина се прашуваат која е тајната на нејзиниот изглед. Таа беше облечена во тесен бордо фустан од тантела, додека на нејзините стапала беа модерни чевли на високи потпетици.

Дона ја обоила русата коса во кафена боја, но не го изгубила стариот сексапил, иако сега изгледа помалку провокативно.

Пластична хирургија

Дона ретко се појавува во јавноста, но често ги почестува своите следбеници на социјалните мрежи со провокативни и предизвикувачки фотографии.

Таа не крие дека младешкиот изглед им го должи на пластичните операции. Таа имаше затегнување на кожата на лицето, липосукција и подигнување на задникот.

– Тие процедури ми помогнаа да се чувствувам подобро за моето тело. Задоволна сум од својот изглед“, изјави во една прилика Дона.

Да потсетиме, покрај улогата во Baywatch која ја прослави, Дона Дерико е позната и како поранешна Плејбој зајачица. Таа неколку пати позираше за познато машко списание.