(ФОТО) Ја оставил бремената сопруга поради љубовница, па ја изневерувал и неа – еве како денес изгледа Сулејман Величествениот
Познатиот турски актер Халит Ергенч и неговата сопруга Бергузар Корел поминале низ многу турбулентна љубовна врска, но со помош на брачен терапевт успеале да ги надминат сериозните проблеми.
Денес важат за еден од најскладните парови, а оние кои не ја познаваат нивната љубовна историја лесно би помислиле дека секогаш било така – но вистината е сосема поинаква.

Бергузар Корел (42) и 12 години постариот Халит Ергенч се запознале во 2006 година на снимањето на популарната серија Илјада и една ноќ. Во тоа време, Халит бил во брак со актерката Гизем Сојсалди. Иако на почетокот ги криел симпатиите кон Бергузар, со текот на времето неговите чувства станале очигледни. Заради неговата љубов кон „Шехерезада“, Гизем направила абортус. Од друга страна, Бергузар поради „Халит“, кој го играше нејзиниот партнер Онур, ја прекинала долгодишната врска.
Но, работите не биле едноставни. Во 2011 година, кога Халит ја прифатил улогата во серијата Сулејман Величествениот, започнале гласините за негови неверства.
Прво се појавиле шпекулации дека е во врска со колешката Чансу Дере, а потоа и со Мерјем Узерли – која во серијата ја глумеше Хурем, неговата сопруга. Иако Бергузар јавно ги негирала тие гласини, било тешко да не се посомнева во својот сопруг, поради што често присуствувала на снимањата.
По тие турбуленции, Бергузар одлучила да го спаси бракот и заедно со Халит започнала да посетува брачен терапевт. Иако турската јавност ѝ советувала да му врати со иста мера, таа одлучила да се бори за својата љубов. Успеале да ја надминат кризата и денес, по многу години, имаат три деца – два сина и една ќерка.
Погледнете како денес изгледа Халит Ергенч – актерот кој стана синоним за Сулејман Величествениот.