(ФОТО) Ја покажа ногата, но и задникот – чиста провокација! Ќерката на Кејт Мос повеќе разголена отколку облечена
Лила Мос, ќерката на легендарниот топ-модел од 90-тите, Кејт Мос, се појави на Модната недела во Париз во впечатлива и провокативна модна комбинација.
Како и нејзината славна мајка, Лила Мос ја гради својата кариера во светот на модата. Работи како модел и редовно е дел од најважните модни настани.
Така и неодамна, на Модната недела во Париз, прошета во смела модна комбинација, која совршено ѝ прилегаше.

Облече кожни шорцеви кои едвај ги покриваа бутовите, а под нив носеше црни чорапи. Целокупниот изглед го комплетираше со високи потпетици.
Во шорцевите ја вовлече проѕирната чипкана блуза, под која носеше само црн градник, а врз оваа смела и секси комбинација додаде јакна со анимал принт.
Нејзината долга руса коса беше пуштена да паѓа слободно, а за шминката се одлучи за дискретни бронзени тонови, со акцент на усните.

Лила Мос – нова модна икона?
Лила Мос сè повеќе се пробива на модната сцена, а многумина коментираат дека можеби ќе ја надмине својата славна мајка.
Таа и Кејт Мос често се појавуваат заедно на модни настани, привлекувајќи огромно внимание со своите гламурозни и смели модни комбинации.