ПопуларноСелебрити

Холивудската убавица повторно е мета на критики, овој пат поради бракот: „Со него секогаш се имаше смисла“ (ВИДЕО)

Мили Боби Браун постигна голема популарност на многу млада возраст, а нејзиниот брак на 20 години привлече големо внимание.

Холивудската актерка Мили Боби Браун (21) веројатно уште на почетокот немала поим што ќе ја чека во кариерата додека била млада.

Неодамна таа беше мета на остри коментари за нејзиниот изглед. Луѓето постојано велеа дека актерката изгледа многу постаро и дека тоа не е нормално за нив.

Додека гостуваше во подкаст, Мили зборуваше и за бракот со Џејк Бонџови, но откри и дека замислува иднина со него.

Водителот Алекс Купер ја прашал кога сфатила дека тој е тој маж.

„Заедно сме веќе четири години, па би рекол можеби во моментот кога почнавме да живееме заедно. Имавме кучиња, заедно се грижевме за нашите животни, го започнавме овој заеднички, секојдневен живот и мислев дека не можам да гледам на тоа поинаку. Не сакам да бидам со никој друг никогаш повеќе.

Открила и дека со него разговарала за се, можела да замисли да одгледува деца со него, а се си дошло на свое место кога тој ја запросил.

Исто така, и двајцата пораснале во хармонични семејства каде нивните родители бескрајно се сакаат, па не им била непозната таквата љубов.

“И моите родители рано се венчаа. Се запознаа кога имаа 19 години. Пораснавме со идејата за млади бракови. Имавме одлични модели и затоа не гледавме поинаку. Не станавме цинични поради се друго што се случуваше околу нас, разбираш? Сè секогаш имаше смисла со него”, заклучила Мили.