ПопуларноСелебрити

Шакира вљубена во својата новооткриена слобода: “сопругот веќе не ме влече надолу“

Колумбиската ѕвезда неодамна гостуваше во “The Tonight Show” каде што објасни зошто и биле потребни седум години да објави нејзиниот нов албум “Las Mujeres Ya No Lloran”

Кралицата на латинската музика се појави на “The Tonight Show” со Џими Фалон и се отвори за нејзината поранешна врска со фудбалската ѕвезда Жерард Пике и како тоа ја попречило да издаде албум.

Трикратната добитничка на Греми, го промовираше својот нов албум Las Mujeres Ya No Lloran (Жените веќе не плачат), и ја образложи причината за седумгодишната пауза меѓу нејзиниот најнов албум и албумот од 2017 година “El Dorardo”.

Како што кажува Шакира, главна причина беше нејзиниот поранешен сопруг. „Правав малце музика во слободното време, но мислам дека ми беше навистина тешко да составам целосен проект“, сподели колумбиската суперѕвезда. „Немав време. Тоа беше факторот сопруг“.

„Сега сум без маж“, изјавила Шакира. „Мажот ме влечеше надолу. Сега сум слободна! Сега навистина можам да работам!“

Шакира и Пике, кои објавија дека се разделуваат во 2022 година, никогаш не се венчаа за време на нивната 11-годишна врска, но имаат два сина.