ПопуларноСелебрити

Шакира го коментираше раскинувањето со познатиот фудбалер: „Се чувствував мала и безвредна“, тие и беа најголемата поддршка

Пејачката и фудбалерот се запознале во 2010 година за време на снимањето на нејзината песна „Waka Waka (This Time For Africa)“, химната на тогашното Светско првенство.

Колумбиската пејачка Шакира неодамна во интервју за мексиканскиот канал „N+“ го коментираше раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике.

“Процесите на лекување траат многу години. Научив дека можеш да чувствуваш радост додека носиш болка истовремено – додека живееш со рана која нема да зарасне. Тоа е како кога сте на забава и ве болат стапалата, но сепак продолжувате да танцувате” – рекла таа.

“Имаше моменти кога се чувствував мала и безвредна. Тогаш ви помагаат пријателите, семејството и вистинските луѓе – ве потсетуваат на вашата вредност и дека сте способни за повеќе отколку што мислите” – додала Шакира.

Како се запознале Шакира и Пике?

Да потсетиме, пејачката и фудбалерот се запознале во 2010 година за време на снимањето на нејзината песна „Waka Waka (This Time For Africa)“, химна на тогашното Светско фудбалско првенство. Тие ја потврдија врската една година подоцна. Првиот син го добија во 2013 година, а вториот во 2015 година.

Пике бил неверен?

Седум години подоцна ја изненадија јавноста објавувајќи дека раскинуваат, со гласини дека поранешниот фудбалер бил неверен. Недолго потоа, Пике започна врска со Клара Чиа Марти, додека Шакира неодамна беше поврзувана со актерот Лусиен Лавискант, познат по улогата во серијата „Емили во Париз“.

На овогодинешното доделување на Греми, Шакира ја доби наградата за најдобар латино поп албум „Las Mujeres Ya no Lloran“, кој, како што самата рече, се родил од болката и гневот што ги доживеала по раскинувањето. За време на говорот таа им се заблагодари и на своите деца и им посвети трогателни зборови.

“Сакам да ја споделам оваа награда со моите деца. Тие се тука со мене. Гордa сум на вас и на вашите прекрасни срца. Ви благодарам што ме поддржувате. ве сакам. Благодарам” – им порача емотивно.