ПопуларноСелебрити

Шест мажи правеле ДНК тест за да се открие кој ѝ е татко, а мајка ѝ ја изгладнувала како бебе: Вака денес изгледа ЌЕРКАТА НА НАЈФАТАЛНАТА блондинка – еден детаљ вели многу

Данијелин Биркхед денес има 18 години, и неодамна се појави во јавноста носејќи фустан кој нејзината мајка го носела пред 21 година на истиот настан. „Ова е најблиску што можам да ја добијам во прегратка“, изјави таа на црвениот тепих.

Таа е ќерка на Ен Никол Смит, која почина во 2007 година. Во моментот на нејзината смрт, Данијелин имала само пет месеци. Само три дена пред раѓањето на Данијелин, трагично починал и нејзиниот полубрат – син на Ен , Даниел Вејн Смит, кој имал 20 години. Починал во истата болничка соба во која се наоѓала нивната мајка.

Тој пристигнал на Бахами за да ја запознае својата полусестра, но според обдукцијата, смртоносна комбинација на опијати го спречила тој момент.

Смртта на синот ја уништила Ен . Таа западнала во длабока депресија, и сè повеќе се потпирала на алкохол и наркотици. Била пронајдена мртва во хотелска соба 607 во луксузниот казино-хотел „Hard Rock“ на Флорида. Телохранителот се обидел да ја спаси, но било предоцна – комбинацијата на лекови што ги земала била фатална за контроверзната „Плејбој“ зајачица.

По двете трагедии, следувал и скандалот за татковството на малата Данијелин. Ен Никол Смит тврдела дека татко ѝ е Џ. Хауард Маршал, нафтен тајкун со кој се омажила кога тој имал 89 години. „Пред да умре, ја замрзна својата сперма“, изјавила таа.

Но дури шест мажи направиле ДНК тестови за да се открие кој е вистинскиот татко. Одговорот: Лери Биркхед, фотограф со кој Ен имала бурна врска. Тој ја презеде грижата за девојчето и неодамна ја придружуваше на свечениот настан Barnstable Brown Gala, каде што емотивно зборуваше за Ен .

„Животот е еден полн круг. Данијелин ми рече дека го облекла фустанот затоа што и припаѓал на мајка ѝ и изгледа кул“, напиша на социјалните мрежи, а на црвениот тепих за People изјави: „Беше многу емотивно – последен пат го видов тој фустан на Ен “.

Данијелин очигледно не ѝ замерува на мајка ѝ ниту за најконтроверзната приказна која ја откри нејзината поранешна дадилка: „Иако Ен знаеше дека бебето мора да јаде 84 грама на секои три часа, инсистираше да ѝ давам само 70. Беше опседната со идејата да направи од неа ’секси бебе‘“.

Ен Никол Смит беше опседната со изгледот на своето дете — а потоа нејзиниот живот заврши трагично.