Љубоморна новинарка?: „Беше поканета на свадбата само поради тие огромни гради“
Сидни Свини била неочекуван гостин на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, и таму „не и било место“, смета водителката.
Актерката Сидни Свини била меѓу славните и почесни гости на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез, иако не е во најдобри односи со брачната двојка.

„Свадбата на векот“, како што ја нарекоа многумина, се одржа минатата недела во Венеција, каде еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос, и поранешната новинарка Лорен Санчез си рекоа „да“.

На настанот присуствуваше и една од најсексапилните и најпопуларни актерки на денешницата – Сидни Свини, но… водителката Мегин Кели тврди: само поради нејзините огромни гради!

„Сидни Свини е новата ѕвезда во градот, бидејќи ги има тие огромни гради со кои сите се опседнати. Како заврши таа на свадбата? Да ми речевте дека станува збор за колешки од првата работа на Лорен Санчез, тоа ќе беше разбирливо. Тоа го прави вистински пријател – ги поканува старите пријатели. Дури и Бил Гејтс беше таму, и тоа е во ред“, смета водителката.

Доаѓањето на Сидни Свини на свадбата било изненадување, а актерката се појавила во розова свечена креација и, секако, ги истакнала своите бујни гради – за кои секогаш се зборува.