ПопуларноСелебрити

Џенифер Анистон планира да се сретне со Бред Пит: Еве што ќе биде темата на оваа историска средба откако актерот официјално се разведе од Анџелина

Џенифер и Бред беа во брак пет години и се разведоа откако тој ја запозна Џоли на снимањето на филм.

Актерката Анџелина Џоли и актерот Бред Пит деновиве го финализираа разводот по долга осумгодишна судска битка, а неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон не планира да му честита за тоа.

Според изворите, Џенифер би сакала Бред да биде среќен, но не сака да го коментира разводот со Џоли ниту јавно, ниту приватно.

Џенифер и Бред беа во брак од 2000 до 2005 година, а се разведоа откако тој ја запозна Анџелина на снимањето на „Mr. & Mrs. Smith“. И покрај разводот, актерите останаа во добри односи, а не кријат дека се пријатели ниту во јавност.

Така, во 2020 година, тие се прегрнаа пред сите на доделувањето на наградите SAG. Иако остануваат пријатели, Анистон не сака да зборува за својот бурен развод со него, но и со другите.

Џенифер не сака јавно да зборува за разводот на Бред и Анџелина, ниту пак сака да контактира со Бред за да му честита“, изјавил извор за Дејли Мејл.

Изворот откри и како Анистон планира да и пријде на бившиот следниот пат кога ќе се сретнат на некој настан. „Следниот пат кога ќе се видат ќе бидат срдечни еден со друг, како што биле во минатото и тоа нема да се промени. Ќе зборуваат за животот и за се останато, но нема да зборуваат за неговите чувства за разводот а Анџелина не е тема на нивните разговори и така ќе остане засекогаш“, додаде тој, а потоа проговори за нивната пријателска врска.

“Џенифер е добра со Бред и тие се пријатели. Со текот на годините ги решија меѓусебните проблеми и никогаш нема да престанат да се почитуваат еден со друг. Џен би сакала Бред, пред се, да биде среќен и да верува дека е среќен”, рекол изворот. .

Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, по две години брак.

Одлуката ја донела откако Бред наводно бил насилен кон неа и нивните деца за време на лет со приватен авион.

Џоли и Пит постигнаа спогодба за нивниот развод минатата недела, но нивната правна битка за имотот во Франција, кој некогаш го поседуваа заеднички, продолжува. Патем, Пит ја тужеше Џоли откако таа го продаде својот дел од имотот вреден 62 милиони долари без негова дозвола.

„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од Пит. Таа и децата го оставија целиот имот што го делеше со г-дин Пит и оттогаш се фокусираше на наоѓање мир и исцелување за нејзиното семејство. Ова е само еден дел од процесот, што започна пред осум години, Анџелина е исцрпена, но таа е олеснета што овој дел е завршен“, рече адвокатот на Џоли.

И покрај бурниот развод и бројните обвинувања, изворите тврдат дека Анџелина не кажува лоши работи за бившиот со кој има шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Вивиен и Нокс.

„Таа не зборува лошо за Пит јавно или приватно. Таа многу се труди да остане светла во овие темни времиња“, рекол изворот. Нивните деца немаат добар однос со нивниот татко. Захара, Шајло и Вивиен се откажале од презимето на нивниот татко, а Медокс и Пакс наводно не разговараат со нивниот татко.