Селебрити

Џеј Ло е бесна како рис поради Бен Афлек и Џенифер Гарнер: По разводот и ставија сол во раната, не може да ги гледа овие сцени

Гарнер и Афлек се венчаа во 2005 година, а се разделија во 2015 година. Заедно имаа три деца.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез не е среќна што постојано гледа фотографии од нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бен Афлек и неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер, пишува “Page Six”. Гарнер поминува многу време со бившиот и делумно поради насловите во медиумите предизвикува шпекулации дека актерот има чувства кон неа.

Изворот тврди дека фотографиите на Гарнер и Афлек биле „сол во раната“ за Лопез откако пред неколку недели го финализираше разводот со актерот. “Таа ситуација многу и пречи“, открил изворот.

Еве неколку од фотографиите за кои станува збор

Гарнер и Афлек се венчаа во 2005 година, а се разделија во 2015 година. Заедно имаа три деца: Вајолет (19), Серафина, која го промени името во Фин (16) и Семјуел (12). Според познатите информации, семејството неодамна уживало во игра на пејнтбол во Лос Анџелес, а снимката на која Афлек ја гушка Гарнер предизвикала, според изворот, гнев кај Лопез.

Блиската средба е снимена минатиот викенд, кога поранешната двојка го прославила 13-тиот роденден на синот Самуел. Видеото покажува како во еден момент Афлек ја фатил својата поранешна сопруга за половината, поради што многумина се запрашале дали има шанси повторно да бидат заедно.

Меѓутоа, друг извор го тврди спротивното – според него, Лопез е фокусирана на нејзиниот претстоен филм на Нетфликс, „Office Romance“. „Се сомневам дека воопшто ги видела овие приказни бидејќи е опседната со филмот. Таа целосно се концентрираше на својот живот, нејзиниот раст и нејзината среќа“, рече тој.

Иако Гарнер е во врска со бизнисменот Џон Милер од 2018 година, Афлек и Гарнер поминуваат се повеќе време заедно и стануваат се поприврзани. „Тие поминуваат повеќе време заедно од кога било, особено по разводот на Бен од Џенифер Лопез и пожарот во Лос Анџелес и се што се случува“, сподели извор претходно.

“Тие го делеа старателството и беа пријателски расположени кога станува збор за ситуации во кои се вклучени нивните деца, но со текот на годините тие навистина изградија блиско пријателство и се на иста страна на многу начини. Мислат дека е добро за сите да имаат добри односи, вклучително и тие и нивните деца”, додал изворот.