ПопуларноСпорт

Александар Волкановски овој викенд си го брани појасот против Илиа Топуриа

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски според многумина е најдобриот на сите времиња во неговата дивизија. До сега нема пораз во неговата дивизија а исто така и нема баш конкуренција.

Следен за Волкановски е 27 годишниот шпанецот со грузиско потекло, Илиа Топуриа, кој до сега нема пораз во неговата кариера и е 14-0 од кој 12 тепачки биле застани предвремено.

Обично, противниците на Волкановски се со почит и му завидуваат на нашиот шампион. Но тоа не е случај со Илиа Топуриа. Тој одлучи да се оденсува како веќе да ја победил тепачката и веќе снима филм кој што се вика “Road to the belt” или во превод, ‘Патот до појасот’. Исто така тој на својот инстаграм профил го смени своето био кое сега вели дека UFC Светски Шампион и дека веќе е 15-0.

Тој отиде дури и чекор подалеку и скрши едно од непишаните правила во тепањето. Имено, му го украде појасот на Волкановски и се сликаше со него, иако сите знаат дека не смее да се допре појас дур не се заработи.

И да не заборавиме дека му подари цвекиња на денот на заљубените.

Дали ваквиот пристап ке го потресе Волкановски или не останува да видиме, но по изјавите за медиумите, тој делува сосема сталожен и самоуверен во своите способности. На прашањата од прес за како очекува да се одвива тепачката, Волкановски изјави “Немој да бидете изненадени ако не успее да ми удри ниту еден бокс и го влечкам низ октагонот како партал”

На последното соочување пред тепачката, Топуриа одлучи да му оддаде почит на нашиот борец. Тој му кажа “Те поштувам како човек и професионалец. Но морам да си ги остварам соништата.”

Неодамна и го викаа стар, па еве како тој одговори!

UFC 298 ќе се одвива во Анахајм, Калифорниа што значи дека ке почнува од прилика во 4 сабајле во Недела.