Спорт

Ален Ајверсон на прашањето кој во НБА го потсеќа на него: „Сите викаат Морант…ама што по ѓаволите му е проблемот на Лука?“

Лука Дончиќ не можеш да не го сакаш, посебно ако си од Балканот. Насмеан дечко, слуша регионална музика и им држи часови по кошарка на Американци.

Ама со Балканците се согласува и легендарниот Ален Ајверсон. Шек го прашува кој во лигата најмногу го потсеќа на него, па Ајверсон почнува:

„Сите викаат Џа…Ама човеку, дозволи ми да зборувам за овој дечко. Што по ѓаволите му е проблемот на Лука?“

На тоа водителот се надоврзува дека Дончиќ е поинаков, дека дал 73 поени против Атланта…

„Не сакам….можеш да ги спомнеш тие бројки, но јас не сакам, тоа не мора да се каже. Јас зборувам за неговиот стил… Тоа е микс со улична кошарка и… не сакам некој да ме сфати погрешно…ама Лука игра како црнец“, заклучува Ален Ајверсон.