ПопуларноСпорт

Ана Ивановиќ му дала втора шанса само на еден маж! Тврдела: „Тој не е како српските мажи“, но ова го уништило нивниот однос и довело до крајот!

Врската помеѓу Адам Скот и српската тенисерка Ана Ивановиќ имала два прекини …

Ана Ивановиќ повторно е во центарот на вниманието откако германските медиуми објавија дека се разведува. Разводот од Бастијан Швајнштајгер стана главна тема во светските медиуми, а многумина заборавија дека Ана во младоста имала романса со познатиот голфер Адам Скот — единствениот маж на кого му дала втора шанса.

Познатиот австралиски голфер беше во врска со тогашната тенисерка од јули 2009 година до јули 2010 година. Следеше прекин, но парот повторно се смири во ноември 2011 година. Во вториот обид љубовта траеше само шест месеци.

Ана тогаш отворено зборуваше за Скот, не штедејќи на комплименти.

„Сака да ми помага во сè кога сме заедно. Ми помага повеќе отколку што тоа би го направиле српските мажи. Само уште не ми зготвил, но ми вети дека и тоа ќе го направи“, изјави Ана за австралиски медиуми.

Таа тогаш ги објасни и причините за првиот раскин на еден од „најгламурозните и најскладни спортски парови“.

„Мораше да се фокусираме на кариерите. Тоа беше тежок период за двајцата, но понекогаш е добро да се направи таков чекор и да видиш каде стоиш. И двајцата сфативме дека мора да работиме на своите професионални цели, а на крајот … убаво ни беше.“

Го прокоментира и нивното помирување, кое се случи во периодот на US Open.

„Убаво беше што Адам го следеше мојот меч на US Open и што беше во друштво на луѓето што ми се најблиски. Сега сме среќни, и тоа е најважното во моментов.“

Сепак, само неколку месеци подоцна, дојде до дефинитивен крај на нивната врска. Нивните животни патишта и кариери беа премногу различни, и не постоеше реална можност ваков однос да опстане.

Фановите на Ана го преплавија Адам со комплименти, велејќи дека е најубавиот маж со кој таа некогаш била. Но, очигледно е дека овој пар немал заедничка иднина.