Спорт

А го виде ли некој голчето на Емерик Лапорт?

Вчера, како што повеќето фудбалски фанови знаат, беше одигран пријателски натпревар помеѓу Ал Наср и Интер Мајами, односно клубовите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Иако се очекуваше ова да биде “последниот танц” на овие двајца, односно да одиграат уште еден натпревар пред да се пензионираат, сепак тоа не се случи. Роналдо повреден го гледаше натпреварот од ложата, а Меси го почна од клупата за резерви.

Како и да е, заврши со победа од 6-0 за Ал Наср, а стрелци беа Отавио, Лапорт, Маран и Андерсон Талиска, кој запиша хет трик.

Најдобриот момент беше во режија на Емерик Лапорт, кој даде гол од својата половина. Можете да ги видите во приложеното видео.