Барселона ќе бара да се преигра дуелот со Реал Мадрид
Изминатиов викенд се сретнаа Реал Мадрид и Барселона во фамозното Ел Класико каде што Реал Мадрид успеа да поведе во 91ва минута преку гол на Џуд Белингам а со тоа и да го победи дуелот со резултат од 3-2.
Откако заврши натпреварот, во прашање се доведе шанса на младиот Ламин Јамал која по шутот ја помина гол линијата, но гол не беше досудем бидејќи шпанската Ла Лига не користи гол технологија.
Имено, директорот на Барселона Жоан Лапорта изјави: “Побаравме од RFEF да ни го достават сите видео и аудио записи од недозволениот гол на Јамал”, кажа Лапорта

Потоа продолжи “Доколку голот беше регуларен, планираме да бараме преигрување на натпреварот. Во овој момент, се е можно”
Откако ги побара аудио снимките, тие беа доставени, а еве што може да се слушне аудио снимката:
ВАР соба: “Бараме докази, но аголот не е корисен. Ни другиов агол не е корисен, а ниту пак овој” – зборувајќи за различните агли од кои можеа да ја видат репризата
Главен судија Сото Градо: “Без брзање, ова е важна одлука”
Вар соба: “Нека продолжи играта со корнер. Немаме докази дека топката ја помина линијата.”
Од друга страна тренерот на Барселона, Чави Хернандез одлучи да ме се меша со цел да не биде вплеткам бо контроверзии.
“Ние бевме подобриот тим и заслуживме да победиме. Иднината на Барса е светла со тие младинци коишто играа денес”
На прашањето дали ќе коментира на ситуацијата на Ламин Јамал, Чави изјави “Нема што да се каже за судењето на натпреварот, веќе сите имаат видено. Ако прозборам, ќе ме санкционираат, сликите се објавени, сите можат да ги видат.”
